Лука Модриќ (40) имаше одличен настап за Милан во дербито против Јувентус (0:0) во шестото коло од Серија А. Ова беше второ по ред дерби во кое беше еден од најдобрите на терените за Росонерите, откако во претходното коло им донесе победа над актуелниот првак Наполи (2:1). Иако Милан не успеа да победи овој пат, Модриќ со своите прецизни додавања …