Дома Фудбал Елмас повторно во Наполи: Елиф е горд што повторно е еден од нас

Елмас повторно во Наполи: Елиф е горд што повторно е еден од нас

Како што беше најавувано последните денови, Наполи официјално го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој повторно ќе го облече сино-белиот дрес и ќе се врати на „Сан Паоло“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Елмас веќе има богато искуство со тимот од Неапол, каде што настапуваше во периодот од 2019 до 2024 година и остави значаен белег. По пет успешни сезони реши да ја продолжи кариерата во Лајпциг со цел да добие поголема минутажа, но таму не ја доби посакуваната улога.

Македонскиот интернационалец зад себе има солидна полусезона како позајмен играч во редовите на Торино, што дополнително го убеди Наполи дека може повторно да биде корисен за тимот.

„Елиф со гордост се враќа во Неапол и е повторно дел од нашето семејство“, порачаа од клубот преку официјална објава.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна сцена: Фулам не сакаше да изведува пенали против Малага, имаше попаметна работа

Необични сцени доаѓаат од Шпанија, каде што Фулам, по ремито 2:2 против Малага, одби да уч…