Поранешниот функционер на Арсенал Иван Газидис денес е именуван за извршен директор во италијанскиот фудбалски клуб Милан. Како што пренесуваат италијанските медиуми, одлуката е соопштена на денешниот состанок со управата на Милан, а Газидис потпиша договор до 30 јуни 2020 година. Управата на Милан наведе дека доведувањето на Газидис е јасен знак за клупските амбиции. „Задоволни сме со неговото именување. …
