Србија со гол во последните секунди успеа да се спаси од пораз против Словенија (1:1) и да ги остави сите шанси отворено за третото коло. Словенија беше подобар противник во првото полувреме, имаше иницијатива, создаваше шанси, а во 37.минута Елшник ја погоди стативата. При крајот на полувремето Србија имаше одлична шанса преку Митровиќ, кој не успеа да го совлада Облак …