Претседателот на УФЦ, Дајна Вајт веднаш после победата на Конор Мекгрегор против Доналд Серон зборуваше за можен реванш на Ирецот со Кабиб Нурмагомедов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ирецот денес го нокаутираше популарниот „Каубој“ за само 40 секунди. Вајт зборуваше дека реваншот на Конор со Кабиб би бил најголемата борба во ММА на сите времиња. Сепак, таткото на Дагестанецот за реванш бара сума од 100 милиони евра.
„И ние сакаме нова борба со Конор, но за тоа ќе мораат да ни исплатат 100 милиони долари. Еден ден после борбата со Фергусон уплатете ги парите и тогаш одиме на реванш“, изјави Абдулманап.