Изминатата ноќ на 92-годишна возраст почина една од најголемите бразилски легенди, Марио Лобо Загало.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тажната вест ја потврди неговото семејство кое се прости од својот татко, дедо, пријател и голем победник и спортист. Загало е човек кој учествуваше во дури четири од петте титули на Бразил на Мундијалите.
Во 1958 и 1962 беше во репрезентацијата на „Кариоките“ како играч, во 1970 како селектор, а во 1994 ја извршуваше функцијата на технички директор во националниот тим.
За него е познато дека не сакал да стане фудбалер туку негов сон бил да биде пилот, но поради проблемите со видот тој сон не си го исполнил, почнал да учи за сметководител, а подоцна станал професионален фудбалер откако претходно играл како хоби во локалнниот тим. На крајот во фудбалот помина цели шест децении.