Дома Фудбал Taжниот Роналдо од клупата го гледаше славјето на Наполи (ФОТО)

Taжниот Роналдо од клупата го гледаше славјето на Наполи (ФОТО)

Кристиано Роналдо вчера пропушти прилика да стигне до трофејот во Купот на Италија, едно од ретките натпреварувања во кои играл и уште не го освоил.

Во финалето на „Олимпико“ неговиот Јувентус изгуби на пенали од Наполи, а Роналдо после натпреварот од клупата го гледаше славјето на Наполитанците.

На фотографијата може да се забележи дека не му е сеедно што трофејот не заврши во нивни раце.

Инаку, на Јувентус до крајот на сезоната му следи борба уште на два фронта, во Серија А и Лигата на шампионите. Во првенството Јувентус има бод повеќе од Лацио на лидерската позиција, додека во ЛШ го чека реваншот против Лион откако загуби во првиот натпревар со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роден во Белград, но изборот е Словенија: Обриќ доби повик и за дуелот со Македонија

Деветнаесетгодишниот дефанзивец на Аталанта е пред сениорско деби за Словенија, а пораката…