Eкипата на Баерн Минхен размислува за опцијата во своите редови да го доведе фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Информацијата ја објави Фабрицио Романо кој тврди дека Томас Тухел верува дека Араухо може да стане еден од најдобрите стопери во светот и сака да го убеди да дојде во Баерн.
Сепак, Романо додава дека Барса го смета Араухо за „недопирлив“, а тоа го покажа така што ова лето стана еден од капитените на тимот.
Исто така, Араухо веќе одбил бројни понуди од големите клубови, бидејќи негова желба е да продолжи во Барса.
Тој има договор до 2026 година и Каталонците сакаат да му ги подобрат условите и да го продолжат на уште една или две сезона, за да испратат јасна порака до заинтересираните.
Сепак, клаузулата на Араухо е дури една милијарда евра, па Баерн Минхен ќе биде немоќен доколку Барселона не сака да го пушти.