Дома Фудбал Англија Tухел: Сигурно не заминувам пред да заврши сезоната

Tухел: Сигурно не заминувам пред да заврши сезоната

Поради ситуацијата во која се најде Челзи и проблемите кои дојдоа затоа што Роман Абрамович е газда на клубот се шпекулираше дека Томас Тухел би можел да си замине.

Сепак, германскиот стратег ги демантираше ваквите информации и порача дека нема намера да си замине пред крајот на сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Сигурно останувам до крајот на сезоната. Очигледно е дека клубот се најде во тешка и незгодна ситуација, но ние сме дел од Премиер лигата, едно од најдобрите натпреварувања во светот. Верувам дека ако ја завршиме добро сезоната тоа ќе биде од голема помош“, изјави Тухел.

Ќе потсетиме, Челзи се соочи со санкции како забрана за продавање на билети, откажување на спонзори, затварање на фан-шопови само затоа што Роман Абрамович е близок со Владимир Путин. Последните информации од Островот се дека Владата дозволила продажба на Челзи, а кога би се комплетирала продажбата и санкциите кон Челзи би биле отстранети.

Во медиумите претходно се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед би можел да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го доведе Тухел, таков совет до „црвените ѓаволи“ испрати и Џејми Карагер, меѓутоа очигледно Германецот не размислува за заминување, барем не пред крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…