Тренерот на Челзи, Томас Тухел се огласи по повод шпекулациите дека може да го напушти Челзи после санкциите кои ги доби Абрамович и проблемите кои тие санкции ги донесоа за Челзи.
Веднаш после таквата ситуација се појави информација дека Манчестер Јунајтед може да биде опција за Тухел. Меѓутоа Германецот ги отфрли таквите најави.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дали чувствувате дека сум помалку посветен на клбуот? Апсолутно не. Го сакам клубот каде што сум и тоа што го правам за Челзи. Челзи е се што ме прави среќен“, изјави Тухел.
Тухел има договор со Челзи до 2024 година, а неговата иднина сигурно ќе биде појасна кога ќе се заврши продажбата на Челзи.