Дома Трансфер зона „Tрката“ може да започне, фудбалерот на Лацио потврди: Ме боли што заминувам на ваков начин

„Tрката“ може да започне, фудбалерот на Лацио потврди: Ме боли што заминувам на ваков начин

Од денес повеќе нема дилеми, фудбалерот кој се поврузваше со бројни европски клубови потврди дека го напушта Лацио.

Како што потврди самиот Стефан Де Вриј, ова е негова последна сезона во дресот на Лацио. Италијанскиот клуб до крајот на сезоната ќе смета на услугите на Холанѓанецот, а фудбалерот жали што не успеале да постигнат договор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Де Вриј преку својот Инстаграм профил им се обрати на навивачите на Лацио.

„Ова беше тежок период за мене, преполн со различни шпекулации за мојата иднина и дојдовме до точка која никој не ја посакуваше. За жал не постигнавме договор. Го разбирам разочарувањето на навивачите и ме боли што мора да заминам на ваков начин. Секогаш ќе бидам благодарен на Лацио и неговите навивачи кои секогаш ме поддржуваа“, гласеше пораката на Де Вриј.

Претходно овој фудбалер беше поврзуван со Интер, Јувентус, Наполи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, ПСЖ, Барселона…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…