Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Tриколорите“ единствени со вредност над милијарда евра – ова се најскапите селекции на Мундијалот

„Tриколорите“ единствени со вредност над милијарда евра – ова се најскапите селекции на Мундијалот

Се наближува Мундијалот во Русија и до почетокот остануваат уште само 28 дена до почетокот.

Истражувачкиот сајт „Footballfinace“ ги претстави најскапите селекции кои ќе настапат ова лето во Русија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Па така, според овој сајт најмногу вреди селекцијата на Франција, скоро 1.07 милијарда евра. „Триколорите“ во своите редови скоро и да немаат поефтин играч од 20 милиони евра, а исклучително високи цени имаат Килијан Мбапе (120 милиони евра), Антоан Гризман (100), Пол Погба (90), Осман Дембеле (80)…Додадете ги тука уште Умтити, Варан, Канте, Лемар, Марсијал тоа се играчи кои вредат по најмалку 60 милиони евра.

Зад Французите следат Германците со врредност од 997.50 милиони евра, токму и како „Триколорите“, Германија во своите редови има неколку играчи кои самите се поскапи од неколку репрезентации кои се на дното.

Следи Шпанија со 992 милиони евра. Селекторот Хуан Лоптеги може да формир тим на репрезентативци кои во главно вредат помеѓу 50 и 80 милиони евра. Иско е најскап играч според „Трансфермаркт“ и неговата вредност изнесува 75 милиони евра.

Бразил во секоја смисла, па и по вредната на репрезентацијата е еден од главните фаворити. Секако, најскап играч е Нејмар кој во овој момент има вредност од 180 милиони евра, а неговата вредност би можела да биде и поголема доколку се реализираат шпекулациите за неговата иднина. Бразилците во своите редови имаат и уште една „стотка“, тоа е Фелипе Кутињо, нешто поскромен е Габриел Хесус со 70 милиони евра.

Сличен распоред на силите има и Аргентина чија вредност достигнува 884 милиони евра. Највреден играч без конкуренција е Лионел Меси (180 милиони евра), а во клубот „100“ уште е Паоло Дибала (100). „Гаучосите“ од елитните репрезентации имаат најмногу играчи кои се под 20, па и 15 милиони евра.

Потоа следуваат репрезентациите на Англија, нивната вредност ја крева Хари Кејн (120), Белгиците ги имаат Кевин Де Брујн (110) и Еден Азар (100 милиони евра), Португалија Кристиано Роналдо (120)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …