Дома Фудбал Германија Tренерот на Лајпциг објасни зошто Елмас не е стартер

Tренерот на Лајпциг објасни зошто Елмас не е стартер

Денеска од 18:30 часот Лајпциг ќе игра против Баерн Минхен. Елиф Елмас ќе биде во составот за овој натпревар, но со оглед на досегашната негова ситуација мала е веројатноста дека ќе биде стартер, па би требало шанса да чека одк лупата.

Елмас се уште не заиграл за Лајпциг од почеток и добива минути во завршницата од натпреварите, дури може да се каже и помалку од она што го имаше во Наполи, а во Лајпциг пристигна со цел да игра повеќе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Воопшто не е лесно кога ќе дојдете тука во зимскиот преоден рок и пред себе имате сериозна задача.

Елмас стратегиски е добар фудбалер, може да ја забрза и забави играта. Но, мора да работи на свои должности на секој дел од теренот, како постигнувањето голови и клучните додавања. Го има тоа до Наполи, меѓутоа треба да се поврзе и со овој тим“, изјави тренерот Марко Росе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…