Дома Фудбал Tренерот на Кардиф размислувал за пензионирање поради Сала

Tренерот на Кардиф размислувал за пензионирање поради Сала

Исчезнувањето на авионот на новото засилување на Кардиф, Емилијано Сала ги потресе сите во спортскиот свет, а за тренерот на Кардиф ова е еден од најтешките моменти во кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот фудбалер и пилотот, Дејв Иботсон исчезнаа на 21-ви јануари на патот од Нант кон Кардиф. Спасувачката мисија по нив траеше три дена, но не даде никаков ефект.

Тренерот на Кардиф, Нил Ворнок призна дека размислувал дури и да се пензионира поради се што се случувало.

„Тренер сум веќе 40 години и можам да кажам дека ова беше најтешката недела во мојата кариера. Се беше многу емотивно. Никако не можам да се смирам поради исчезнувањето на Сала. Ова е тешко за сите нас, најмногу за неговото семејство. Ќе ви признаам дека размислувал да се повлечам од фудбалот поради исчезнувањето на авионот“, откри Ворнок.

Иначе фудбалерите на иницијатива на Меси од вчера започнаа да собираат финансиски средства за истрагата да биде продолжена и до моментот кога беа објавени последните податоци имаше собрано 300.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…