Дома Фудбал Tрајковски: Кога губиме добиваме во карактер

Tрајковски: Кога губиме добиваме во карактер

Македонија вчера беше поразена од Романија со 3:2 во натпревар во кој успеавме да дојдеме од 0:2 до 2:2 за само 60 секунди. За жал неколку минути подоцона Романија преку Хаџи постигна гол за победа.

Стрелец на вториот гол за нашата репрезентација беше Александар Трајковски. Трајковски во игра влезе во второто полувреме и тоа се покажа како одличен потег на селекторот Ангеловски. Покрај Трајковски и Адеми кој влезе од клупата се запиша во листата на стрелци.

Денес на социјалните мрежи Трајковски се огласи со кратка порака.

„Кога победуваме добиваме, кога губиме добиваме во карактер“, порача Трајковски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…