Maкедонскиот напаѓач Александар Трајковски на вчерашниот натпревар против МОЛ Фехервар за својот Хајдук постигна гол директно од корнер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За официјалниот сајт на Хајдук, Трајковски беше искрен и истакна дека не сакал да шутира, а имал помош и од ветеренот.
„Да бидам искрен не сакав да шутирам директно во голот, не ми беше тоа намерата. Сакав остро да нафрлам пред противничкиот гол. Ветеренот ми помогна да постигнам убав гол“, изјави македонскиот фудбалер.