Дома Трансфер зона Tинејџерот на Партизан потпиша за Манчестер Сити

Tинејџерот на Партизан потпиша за Манчестер Сити

Партизан денес објави дека нивниот играч Филип Стевановиќ кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 18 годишен офанзивец воодушеви со своите настапи во дресот на Партизан каде што дебитираше минатата година. Со своите настапи тој го сврте вниманието на многу клубови, меѓутоа ретко кој очекуваше да заврши во Сити.

Белградскиот клуб денес на својата официјална страна објави дека трансферот е завршен и дека Стевановиќ во јануари ќе се придружи на новиот клуб.

За Партизан ова е одлична работа бидејќи од трансферот инкасираа осум милиони евра. Во досегашниот дел од сезоната тој одигра 15 натпревари за Партизан, постигна три гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…