Дома Трансфер зона Tухел „фрлил око“ на еден од „недоприливите“ во Барселона?

Tухел „фрлил око“ на еден од „недоприливите“ во Барселона?

Eкипата на Баерн Минхен размислува за опцијата во своите редови да го доведе фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо.

Информацијата ја објави Фабрицио Романо кој тврди дека Томас Тухел верува дека Араухо може да стане еден од најдобрите стопери во светот и сака да го убеди да дојде во Баерн.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Сепак, Романо додава дека Барса го смета Араухо за „недопирлив“, а тоа го покажа така што ова лето стана еден од капитените на тимот.

Исто така, Араухо веќе одбил бројни понуди од големите клубови, бидејќи негова желба е да продолжи во Барса.

Тој има договор до 2026 година и Каталонците сакаат да му ги подобрат условите и да го продолжат на уште една или две сезона, за да испратат јасна порака до заинтересираните.

Сепак, клаузулата на Араухо е дури една милијарда евра, па Баерн Минхен ќе биде немоќен доколку Барселона не сака да го пушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се засили со аргентински талент

Eкипата на Јувентус можеби полека се откажува од битката за титулата во Серија А сезонава,…