Дома Фудбал Репрезентации Tри гола на Паулињо од вкупните 4:1 – Бразил подобар од Уругвај

Tри гола на Паулињо од вкупните 4:1 – Бразил подобар од Уругвај

Фудбалерот на кинескиот тим Гонжу, Жозе Паулињо оствари „хет-трик“ во победата на Бразил против големиот ривал Уругвај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На дуелот од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Русија, одигран ноќеска во Монтевидео, репрезентацијата на Бразил го победи Уругвај со 4:1.

Домаќините поведоа уште во 9. минута со голот на Едисон Кавани од пенал.

Потоа на сцена настапи Паулињо, кој само десет минути подоцна го израмни резултатот, а со својот втор гол во 52. минута му донесе предност на Бразил.

Предноста ја зголеми Нејмар со голот во 72. минута, а Паулињо со третиот свој гол на мечот во последната минута (90+2) го постави конечните Уругвај – Бразил 4:1.

Со оваа победа „Кариоките“ се зацврстија на врвот на табелата со 7 бодови повеќе од синоќешниот противник Уругвај, односно осум повеќе од трето пласираната Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Атлетико го донесе своето прво засилување – фантастичниот средишен играч кој вреди 80.000.000 евра!

Ќе има заминувања од Атлетико Мадрид, најголемата ѕвезда го напушти клубот, Антоан Гризман…