Дома Фудбал Tренерот на Динамо се надева дека Адеми ќе биде спремен да игра викендов

Tренерот на Динамо се надева дека Адеми ќе биде спремен да игра викендов

Aријан Адеми ги пропушти двата натпревари за Македонија против Грузија и Бугарија поради повреда, а тренерот на Динамо Анте Чачиќ се надева дека тој ќе биде спремен за натпреварот против Славен Белупо викендов.

Чачиќ се уште не е сигурен дали ќе го има Адеми на располагање за оваа средба.

„Не можам да ви кажам колку ќе го користиме Адеми кој стана татко по вторпат, но како и да е без нашиот капитен не сакам да одиме во нови предизвици. Верувам дека ќе биде со нас за утрешниот натпревар. Во овој момент имаме добра здравствена состојба во соблекувалната“, изјави Чачиќ.

Динамо после мечот против Славен Белупо го чека дуел против Салзбург во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наковски без загубен сет оди на дуел со Газели, Младост го сопре шампионот

Наковски волеј и Газели ќе се сретнат во следното коло како единствени непоразени екипи. М…