Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар не е пожелен во Париз, во Баскија потпишан неверојатен договор, се чека потврда од Баерн

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар не е пожелен во Париз, во Баскија потпишан неверојатен договор, се чека потврда од Баерн

И денес сме тука да следиме се што се случува на трансфер пазарот ширум Европа. Денес, а веројатно и до крајот на преодниот рок или до негов трансфер, ќе преовладуваат вести за Нејмар.

Нејмар повеќе не е пожелен на „Паркот на Принцовите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Денес е потпишан еден неверојатен договор: Инаки Вилијамс потпиша со Билбао до 2028 година!

Едисон Кавани е првото големо име во клубот на Бекам! 

– Дали ова се шесте играчи на кои Сари нема да смета? 

Франк Рибери добил понуда кариерата да ја продолжи во Фиорентина.

– И Тухел го најави трансферот на Нејмар

– Maнчестер Јунајтед потврди дека во своите редови го довеле 16 годишниот, Ханибаи Мјерби од Монако за сума од 10 милиони евра.

„Реалност е дека мораме да пронајдеме решение без Нејмар. Не е невозможно тој да замине и да пронајдеме некој нов играч. Немам некои нови вести околу него, но мораме да бидеме реални и да кажаме дека ништо не е готово. Постојат работи помеѓу Нејмар, ПСЖ и друг клуб“, изјави Тухел.

– Зидан го смени мислењето и ќе смета на Бејл и Хамес.

– Шпанските медиуми објавија дека Барса наводно ја одредила цената за Ракитиќ – 55 милиони евра.

Хамес Родригез повеќе не е мета на Атлетико нова идеја од 60 милиони евра за Атлетико е Родриго.

– Во Германија започнаа да објавуваат дека Иван Перишиќ пристигнал во Минхен, се чека официјална потврда од Баерн.

– Фенербахче преговара и чека позитивен одговор за Александар Коларов.

– Веќе неколку дена се пишува дека Сергеј Милинковиќ Савиќ е мета на Интер. Ако овој план не успее „план Б“ на „нероаѕурите“ е Иван Ракитиќ.

– Холандските медиуми пренесуваат дека завршен е трансферот на Ирвинг Лозано од ПСВ во Наполи. Последната препрека биле имиџ правата, но сега наводно се е договорено.

Висам Бен Једер не тренира со Севиља овој фудбалер подолго време се поврзува со трансфер во Монако.

– Интер и понатаму се обидува да се ослободи од Жоао Марио, но клуб со адекватна понуда за овој фудбалер се уште не се појавил. Во медиумите се шпекулира за Лајпциг, Леверкузен и Спортинг.

Сами Кедира наводно го убедил Сари да остане во Торино, па сега Јувентус би можел да го напушти Емре Чан.

Бруно Фернандеш кој требаше да се пресели во Премиер лигата би можел да заврши во Милан. Бобан и Малдини наводно веќе ги воспоставиле контактите со агентот на фудбалерот.

– Фотографија од Перишиќ на лекарските прегледи во Минхен.

БОМБА! АДВОКАТОТ КОЈ ЈА ИСПЛАТИ КЛАЗУЛАТА НА НЕЈМАР ВО 2017 Е „УЛОВЕН“ КАКО ВЛЕГУВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА БАРСЕЛОНА!

Маријано Диаз кои и дефинитивно не е во плановите на Зидан за наредната сезона е пред трансфер или позајмица во Бетис.

– Ајакс сигурно нема да го пушти Дони Ван Де Бек во Реал пред завршувањето на квалификациите за Лигата на шампионите.

– ПСЖ е спремен да му понуди на Дибала 12 милиони евра по сезона!

– Ако Родриго заврши во Атлетико Мадрид, Валенсија ќе тргне по Флоријан Тован. Тован се проценува на околу 35 милиони евра.

– И еве по мала пауза нови вести за Нејмар. Дел од шпанските медиуми започнаа да објавуваат дека трансферот во Барселона е блиску до реализација и дека официјализирање може да имаме во наредните неколку дена.

17:03…

БИДЕТЕ СО НАС СЛЕДУВААТ НОВИ ИНФОРМАЦИИ!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…