Дома Фудбал Суперкомпјутерот пресмета кој има најмногу шанси да ја освои Лигата на шампионите

Суперкомпјутерот пресмета кој има најмногу шанси да ја освои Лигата на шампионите

Во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите. Се истакнуваат средбите на бранителот на титулата Реал Мадрид против Атлетико Мадрид, ПСЖ против Ливерпул и Баерн Минхен против Баер Леверкузен. Со оглед на тоа што патот на секој клуб до финалето, кое ќе се игра во Минхен, е познатата, аналитичката компанија Opta објави кој има најголема шанса да стане европски првак.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нивниот “суперкомпјутер” пресмета дека шансите на Ливерпул за титулата паднале од 20,2 на 17,2 проценти, но сепак остануваат прв фаворит. Тимот на тренерот Арне Слот ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите на првото место со 21 бод, два повеќе од Барселона, Арсенал и Интер. Сите овие клубови се главни конкуренти за освојување на Лигата на шампионите, според Opta.

Барселона е втора, Арсенал трет, Интер четврти, а Реал петти. Најмалку шанси има Феенорд (0,6 проценти), додека пред него се минатогодишниот финалист Борусија Дортмунд и Клуб Бриж (0,7 проценти). 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Пеналот со кој Микел Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство предизвика многу полемики, но …