Дома Фудбал Суперагентот Мендеш ја потврди веста што навивачите на Барселона ја чекаа

Суперагентот Мендеш ја потврди веста што навивачите на Барселона ја чекаа

Навивачите на Барселона воопшто не треба да бидат загрижени, Ламин Јамал сигурно ќе потпише нов договор со клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа вест ја потврди неговиот агент Жорж Мендеш, кој го искористи гостувањето на Барселона во Лисабон за да се сретне со претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко.

Иако имаше шпекулации дека Мендеш ќе разговара со раководството на Барселона и за судбината на Ансу Фати и уште неколку негови играчи, Португалецот ја потврди само веста за Јамал.

„Разговаравме за Ламин Јамал и секако дека ќе потпише нов договор. Како што договоривме, Јамал ќе потпише до 2030 година кога ќе наполни 18 години“, рече Мендеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо договори големо засилување: Пристигнува „ѕвер“ од 134 милиони евра

Чаби Алонсо им нареди на челниците на Челси да доведат голема ѕвезда од лутите ривали која…