Дома Фудбал Судијата случајно со лакт го “фаулираше” играчот на ПСЖ

Судијата случајно со лакт го “фаулираше” играчот на ПСЖ

ПСЖ драматично ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар на Паркот на принцовите, домаќините победија со 3:1. По помалку од половина час од реваншот, ја дуплираа предноста бидејќи ПСЖ на Вила Парк поведе со 2:0. Сепак, Вила во следните половина час направи голем пресврт и поведе со 3:2.

Им недостигаше само еден гол за продолжување и ќе го имаа тоа ако голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, не бранеше фантастично. Заврши со победа од 3:2 за англискиот тим, но недоволно за да го надоместат поразот од првиот натпревар, па во полуфиналето помина ПСЖ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од натпреварот стана вирална сцена како шпанскиот судија Хозе Санчез случајно го “фаулаше” Жоао Невес, португалската ѕвезда на ПСЖ. Несакајќи го удри со лакт во лицето, по што гостинскиот играч со болна гримаса се фати за главата. Судијата по судирот падна на тревата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски како нов соиграч на Модриќ? Милан планира да го ангажира уште во јануари

Милан размислува како да ја засили својата напаѓачка линија и се фокусира на Роберт Леванд…