Дома Фудбал Судијата на кој САД му забрани влез дочекан како херој во својата земја (ВИДЕО)

Судијата на кој САД му забрани влез дочекан како херој во својата земја (ВИДЕО)

Сомалискиот фудбалски судија, Омар Артан, пристигна во своето Могадишу во среда, каде што наиде на грандиозен пречек од страна на многу граѓани и официјални лица, откако му беше одбиен влезот во САД.

Артан беше предвидено да стане првиот судија од Сомалија на Светското првенство, откако беше избран на конечната листа на ФИФА за турнирот. Тој е еден од најистакнатите африкански арбитри, кој во 2025 година беше прогласен за најдобар машки судија на континентот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, влезот во САД му беше оневозможен во саботата на аеродромот во Мајами, поради „безбедносна проверка“, според изјавата на американските царински и гранични служби, кои не понудија дополнителни објаснувања. ФИФА потоа го отстрани од листата на судии за турнирот, иако според сомалиската амбасада во Кенија која го водела процесот, виза му беше издадена пред една недела.

Соединетите Американски Држави се домаќини на првенството заедно со Мексико и Канада, а Артан требаше да пристигне во тренинг-кампот за судии во Мајами. По враќањето во Могадиш, на аеродромот Адeн Аде го пречекаа стотици поддржувачи, владини претставници и членови на фудбалската заедница на Сомалија.

При неговото доаѓање, беше спроведен во ВИП терминалот, каде што го поздравија министерот за младина и спорт на Сомалија, претставници од Фудбалскиот сојуз на Сомалија и други гости.

Обраќајќи се кон присутните, Артан изјави дека ќе суди на следното Светско првенство во фудбал.

“Ветувам, со Божји благослов, дека ќе учествувам на наредното првенство. На сите нас е да го штитиме името на Сомалија. Сомалија е наша, без оглед на состојбата, и исто така е нашиот знаме и нашиот пасош,” рече Артан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џеко на Мундијалот ќе ја води Босна со копачки изработени од Македонец! (Фото)

Македонската креативност ќе биде дел од претстојното Светско првенство, откако босанската …