
Поранешниот долготраен репрезентативец на Англија, Андрос Таунсенд, ја продолжува својата фудбалска кариера во нов и речиси непознат клуб – Канчанабури Пауер. Ова е шеснаесеттиот клуб во неговата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таунсенд, кој има 34 години, ќе остане запаметен по својот неверојатен гол од волеј против Манчестер Сити од сезоната 2018/2019, кој беше прогласен и за гол на годината. Во иднината тој ќе игра на Тајланд.
Сепак, не станува збор за некој од водечките клубови од Тајланд, каде честопати одат познати европски фудбалери, туку за тим кој е основан пред само осум години.
Тимот оваа година првпат се натпреварува во првата лига, а нивните амбиции се зголемени со ангажманот на популарни играчи, па Таунсенд добива шанса да го води тимот низ првата историска сезона во елитното ниво на тајландскиот фудбал.