Дома Фудбал Страшна сцена: Хрватски голман доби удар во глава – итно беше пренесен во болница!

Страшна сцена: Хрватски голман доби удар во глава – итно беше пренесен во болница!

Фудбалерите на Ризеспор гостуваа во рамките на 17. коло на Турската Супер лига кај Гозтепе и беа поразени со 3:0.

Еден гол беше постигнат во првото полувреме, во 25. минута кога Мироши ја совлада Грбиќ.

Потоа Тијаниќ зголеми на 2:0 во 71. минута, а Мироши во 78. минута го постави конечниот резултат од 3:0 на овој натпревар.

Натпреварот го обележа ужасната повреда на голманот на Ризеспор, Хрватот Иво Грбиќ кој настрада во последните минути од натпреварот.

Имено, во судир со Ромуло кој со нога го удри Грбиќ во глава, Хрватот остана да лежи на тревата.

Веднаш реагираше брзата помош, која го пренесе Грбиќ во болница.

Како изгледаше сето тоа, погледнете ОВДЕ.

Така, покрај поразот, Ризеспор претрпи и тежок удар поради повредата на својот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…