Дома Фудбал Стигна потврда: Астон Вила без еден од најважните фудбалери три натпревари

Стигна потврда: Астон Вила без еден од најважните фудбалери три натпревари

Фудбалскиот клуб Астон Вила денес потврди дека жалбата за црвениот картон на Џон Дуран беше одбиена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, Дуран доби црвен картон на гостувањето кај Њукасл, во поразот со резултат 3:0.

Вила поднесе жалба, но таа беше одбиена, па така суспензијата од три натпревари останува во сила.

Дуран ќе ги пропушти натпреварите со Брајтон и Лестер, како и со Вест Хем во ФА купот на 10 јануари.

Колумбискиот напаѓач ќе биде достапен за Унај Емери за гостувањето кај Евертон на 15 јануари.

Добра вест за Вила е дека Оли Воткинс се опорави од полесна повреда и ќе биде достапен за наредните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал на Мундијалот: Име на забранета легенда во Турција се појави на стадион (Фото)

Фудбалската репрезентација на Турција доживе рано испаѓање на Мундијалот. По поразот од Ав…