Дома Фудбал Стандарден првотимец на Челси по седум месеци го напушта клубот!?

Стандарден првотимец на Челси по седум месеци го напушта клубот!?

По само седум месеци поминати во клубот од Лондон, стандарден првотимец се наоѓа на излезни врати од Челси.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тосин Адарабиио пристигна во редовите на лондонските „сини“ како слободен агент по истекот на договорот со Фулам.

Немаше лесна задача по доаѓањето, а тоа е да го замени Тијаго Силва кој во претходната сезона играше на позицијата десен стопер.

Повредите на Весли Фофана, лошата форма на Аксел Дисаси и некои други фактори му отворија шанса за докажување на Адарабојо.

Англичанецот од нигериско потекло успеа да се носи со притисокот и се наметна на тренерот Ензо Мареска, па така стана стандарден во задната линија на Челзи.

Оваа сезона одигра 18 натпревари, а само Леви Колвил од стоперите на лондонскиот клуб има одиграно повеќе натпревари (20).

Меѓутоа, како гром од ведро небо се појави веста дека тој може веќе сега во зимата да го напушти клубот.

Според англискиот новинар Мајк Киген, Брајтон веќе направи почетни контакти за реализација на овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопственикот на Милан го одобрил трансферниот план на Алегри

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, дал зелено светло за летната трансферна селекција к…