Дома Фудбал Срамна објава на „Реал Мадрид ТВ“ по дербито: Пеналот е смешен, лигата е одвратна (Видео)

Срамна објава на „Реал Мадрид ТВ“ по дербито: Пеналот е смешен, лигата е одвратна (Видео)

Реал Мадрид синоќа одигра нерешено на свој терен во градското дерби против Атлетико (1:1) во рамките на 23. коло од шпанската Ла Лига, а повторно големо внимание привлече скандалозната објава на официјалниот ТВ канал на кралскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На преполниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ гледавме одличен дуел на градските ривали кој на крајот заврши без победник со резултат од 1:1, што сигурно на крајот најмногу одговара на Барселона.

Сепак, ни синоќа не помина без приговори од Реал Мадрид за судењето, а познато е дека овој клуб неодамна издаде и официјално соопштение во кое тврди дека е жестоко оштетен на некои натпревари.

Задоволството на кралевите продолжува и по градското дерби и тоа поради пеналот кој беше досуден во корист на Атлетико Мадрид.

Гостите во 35. минута од натпреварот успеаја да поведат со 1:0 кога Хулиан Алварез погоди од белата точка, а претходно судијата Градо покажа на пенал откако со помош на ВАР системот го прегледа дуелот меѓу Чоамени и Лино.

„Овој пенал е смешен. Мораме да играме против судиите, а не против противничките играчи”, се наведува во објавата на Реал Мадрид ТВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо испрати прва порака како тренер на Челси!

Чаби Алонсо е официјално новиот тренер на Челси, потврди лондонскиот клуб во саботата. Зош…