Дома Фудбал Срамен и скандалозен натпревар во најсилната српска лига: Смешни грешки и неверојатни пенали! (Видео)

Срамен и скандалозен натпревар во најсилната српска лига: Смешни грешки и неверојатни пенали! (Видео)

Фудбалска претстава која повеќе наликуваше на комедија отколку на елитен натпревар се одигра синоќа во Ниш, каде Раднички и Радник одиграа меч кој заврши со резултат 4:2 (3:1), но она што остана во фокусот не беа головите, туку трите досудени пенали и низа шокантни грешки на голманите и одбраните.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Публиката буквално не можеше да поверува на тоа што го гледа, два од пеналите беа досудени во ситуација каде што повеќето љубители на фудбалот би се запрашале дали се работи за комичен театар. Несмасноста на дефанзивците и трагичните интервенции на голманите уште повеќе ја подгреаа атмосферата на сомнеж и цинизам околу регуларноста на натпреварот.

Јавноста со право бара одговори, а очите сега се вперени кон Фудбалскиот сојуз на Србија, од кој се очекува јасна и транспарентна реакција. Вакви сцени, какви што ретко се гледаат дури и во нисколигашки фудбал, тешко може да поминат без зборот „местенка“ да виси во воздухот. Натпреварот што требаше да биде дел од спортската возбуда, се претвори во вистински „циркус“ кој ја погоди целата фудбалска јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …