Дома Фудбал „Спорт“ тврди: Изјавите на Винсиус стануваат проблем за Реал Мадрид!

„Спорт“ тврди: Изјавите на Винсиус стануваат проблем за Реал Мадрид!

Соблекувалната на Реал Мадрид е изморена од Винисиус Жуниор, а Саудиска Арабија станува негова алтернатива, пишува каталонскиот медиум Спорт кој се поврза на последните пишувања на шпанските медиуми дека Ал-Хилал понудил 300 милиони евра за Бразилецот.

Спорт потсетува дека капитенот Лука Модриќ го искритикувал Винисиус за време на натпреварот против Леганес затоа што не се вратил да им помогне на одбраната, а Бразилецот по тој натпревар отишол во соблекувалната без да разговара со ниту еден соиграч.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Во натпреварот со Еспањол гневно се пожалил зошто Дани Себаљос ја додава на десната страна каде бил Родриго. Побарал објаснување од Карло Анчелоти, а на бекот Фран Гарсија му забележал зошто не му додал во повеќе ситуации. Играчите го изгубиле трпението поради неговите жалби. Бразилскиот фудбалер се променил по 28 октомври кога Златната топка завршила во рацете на Родри, играч на Манчестер Сити, иако неколку медиуми најавувале дека ќе ја добие Винициус. Неговиот пад се случува истовремено кога заиграле Родриго и Килијан Мбапе. Пропуштил осум од последните 14 натпревари на Реал во Ла Лига и Лигата на шампионите. Три поради суспензија, четири поради повреда и еден поради одлука на Анчелоти“, пишува Спорт.

Реал во тие натпревари играл најдобар фудбал оваа сезона, а новинарот на Спорт смета дека Винисиус станал проблем за Реал во Ла Лига бидејќи со својот карактер го тера противникот да го провоцира.

„Соиграчите и Анчелоти разговарале со него и се обиделе да го променат, но тој е упорен. Винисиус се чувствува беспомошен во борбата со расистичките напади на шпанските стадиони и смета дека Реал треба повеќе да се вклучи. Меѓутоа, на клубот му е непријатно бидејќи тој изјавил дека ‘Шпанија е расистичка земја’“, додава Спорт.

Да потсетиме, Винисиус оваа сезона постигна 16 голови и асистираше за 12 голови во 30 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем потег на Пикси: Ќе предложам пријателски натпревар помеѓу Србија и Македонија (Фото)

Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, зборуваше на п…