Дома Фудбал Спектакл во чест на Карлос Тевез: Роналдо и Меси за првпат на иста страна?!

Спектакл во чест на Карлос Тевез: Роналдо и Меси за првпат на иста страна?!

Карлос Тевез (41) ја заврши својата фудбалска кариера пред три години, а сега најави дека организира спектакуларен проштален натпревар. На него ќе настапат легендите со кои Тевез играл во гигантите: Бока Јуниорс, Коринтијанс, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и аргентинската репрезентација.

“Лео Меси и Кристијано Роналдо. Ќе ги доведам. Ако треба, лично ќе одам по нив, ги имам нивните броеви на WhatsApp”, објави Тевез, кој со Роналдо играше во Јунајтед, а со Меси во националната репрезентација. Аргентинските медиуми шпекулираат дека Роналдо и Меси би можеле за првпат да заиграат заедно. Тевез го откри и останатите учесници на спектаклот: “Ван дер Сар на едниот гол, Буфон на другиот. Стопери: Фердинанд, Видиќ, Кјелини, Бонуќи. Мојот брат Евра исто така мора да биде тука. Што се однесува до играчите од средината – Пирло, Сколс, Рикелме дефинитивно ќе бидат тука, Руни исто така. Само треба да го најдеме терминот кој им одговара на сите.”

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тевез пред седум години вака одговори за ESPN на молба да го изрази своето мислење во вечната дебата како оној што играл со Роналдо и Меси: “Кристијано е сосема различен во однос на Меси. Кога Лео почна да игра, не му пречеше теретаната, а Роналдо беше таму цело време. Роналдо напорно работеше, а кај Меси тоа некому се чинеше природно. Мислам дека тоа е главната разлика меѓу овие двајца најдобри фудбалери во светот.”

Фото: UEFA
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…