Не престануваат приказните за соработката на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, а некои сметаат дека нема да трае долго.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поранешните големи ривали за првпат ќе ги видиме заедно во тим во Австралија Опен, додека Новак во Бризбејн ќе биде без тренер.
Легендарниот Џон Мекинро предвидува дека соработката ќе биде кратка, но ефективна.
„Среќен сум. Таа соработка ќе биде екстремно краткотрајна, но ќе донесе многу добро за тенисот поради интересот. Се надевам дека Новак ќе ја освои Австралија, бидејќи на Енди му се потребни некои позитивни вибрации“, изјави Мекинро.