Дома Фудбал Скандираа „Србија, Србија“, па добија ќотек: Излезе снимка од инцидентот во Зеница (Видео)

Скандираа „Србија, Србија“, па добија ќотек: Излезе снимка од инцидентот во Зеница (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, по голем пресврт, ја совлада Романија пред своите навивачи со резултат 3:1 и така остана во игра за пласман на Светскиот Куп 2026 година.

За жал, големата победа на соседите остана во сенка на инцидентот кој се случи на трибините на стадионот „Билино Поле“.

Незадоволни романски навивачи започнаа гласно да скандираат „Србија, Србија”, што предизвика гнев кај домашните приврзаници, но и кај полицијата.

Во еден момент, припадници на полицијата влегоа на трибината каде што беа сместени романските навивачи и ги замолкнаа со палки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го следи Тресолди: Бриж бара околу 50 милиони евра

Николо Тресолди постигна 12 гола на 14 натпревари, а покрај Арсенал го следат уште три анг…