Дома Останати Кошарка Скандал во регионот: Се држеше за меѓуножјето при интонирањето на химната (Видео)

Скандал во регионот: Се држеше за меѓуножјето при интонирањето на химната (Видео)

За време на викендот во Босна и Херцеговина се подигна огромна бурa на натпреварот помеѓу кошаркарите на Градина и Брчко во А1 лигата. Еден од кошаркарите на гостите, Душан Илиќ, беше снимен како непристојно гестикулира за време на интонирањето на химната на БиХ.

На снимката се гледа како пред натпреварот го прегрнува својот соиграч, а во моментот кога музиката се слуша од разгласот се фаќа за меѓуножјето.

Тој негов потег предизвика голем број реакции, многумина бараат строга казна за кошаркарот, додека други велат дека сè е извадено од контекст.

Неговиот клуб нагласи дека ситуацијата е целосно поинаква и дека играчот немал никаква намера да покаже непочитување.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…