Дома Фудбал Скандал: Претседател на клуб доби 15 години суспензија поради местење натпревари

Скандал: Претседател на клуб доби 15 години суспензија поради местење натпревари

Молдавскиот фудбалер Петру Ојог (34) до минатата година ја извршуваше функцијата претседател на клубот кој сега е згаснат, ФК Сфинтул Георге. Неговата играчка кариера, како и секоја друга во фудбалот, заврши овие денови. Молдавската фудбалска федерација (ФНФ) преку својата Етичка комисија донесе одлука за суспензија на Ојог од фудбалот на дури 15 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причината е местење натпревари. Покрај него, казнет е и фудбалерот Игор Бондаренко, но на значително покус период од една година. Во соопштението на ФНФ стои дека пресудата е донесена „поради вмешаност во манипулација и активности поврзани со резултатите од одредени натпревари во фудбалското првенство на Република Молдавија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…