Дома Тенис Скандал на Вимблдон: Медведев фрлаше парички на судијката (видео)

Скандал на Вимблдон: Медведев фрлаше парички на судијката (видео)

Рускиот тенисер Данил Медведев, кој во првото коло на Вимблдон го елиминира Стан Вавринка, во второто коло направи скандал за кој долго ќе се раскажува.

Медведев по сензационалната победа над Вавринка, учеството на Вимблдон го заврши со поразот од Рубен Бемелманс во пет сета (6:4, 6:2, 3:6, 2:6, 6:3), но мечот долго ќе се памети по инцидентот кој Русинот го предизвика по неговото завршување.

Медведев имаше вербален дуел со судијата Маријана Алвеш, која му одзеде поен, а тој побара таа да биде остранета од теренот.

Супервизорот на турнирот не ја прифати сугестијата на рускиот тенисер, поради што тој откако мечот заврши од својот паричник извади неколку метални парички и ги фрли во правец на судијата Маријана Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…