Дома Фудбал Сити се пофали со важен потпис

Сити се пофали со важен потпис

Заврши сагата околу статусот на Савињо во Манчестер Сити. Бразилецот, и покрај силниот интерес од Тотенхем, на крајот го продолжи договорот со клубот од Етихад.

Сериозно се развиваше приказната помеѓу Тотенхем и Савињо последните денови од преодниот рок. Но, бидејќи не се оствари, Бразилецот се насочи кон преговори со Сити за нов договор.

И договорот е постигнат. Савињо е врзан со нов договор до 2031.

Не одигра многу фудбал оваа сезона. Одигра девет натпревари, вклучувајќи три на Светското клупско првенство. И токму на тој турнир одигра најмногу минути – 300 од вкупно 511. Значи, на шест натпревари во другите натпреварувања одигра само 211 минути.

Откако дојде во Сити летото 2024, тој вкупно за Граѓаните одигра 54 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…