Дома Фудбал Синот на Буфон: Тато ме советуваше да играм за Чешка

Синот на Буфон: Тато ме советуваше да играм за Чешка

Таткото му е легенда на Азурите, името го доби по познатиот голман на Камерун, но Луј Томас Буфон дебитираше во репрезентацијата – на Чешка.

Овој талентиран 17-годишен фудбалер, син на легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, раскажа за веб-страницата на Фудбалската Федерација на Чешка како се одлучил да го облече дресот на оваа земја.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Луј Томас Буфон, кој го носи средното име по славниот камерунски голман Томас Н’Конo, на почетокот на март дебитираше во Серија Б за првиот тим на Пиза откако претходно со добри игри и голови се истакна во Б тимот на италијанскиот второлигаш (постигна шест гола на 19 натпревари).

Тренерот во Пиза му е некогашниот познат италијански напаѓач и соиграч на неговиот татко во тимот на Азурите, Пипо Инзаги, но талентираниот фудбалер сепак одбра да игра за Чешка, државата на неговата мајка и некогашна манекенка Алена Шередова.

Седумнаесетгодишниот фудбалер потврди дека со целото семејство разговарал за одлуката да го прифати повикот во репрезентацијата на Чешка до 18 години и истакна дека славниот татко исто така го советувал да го прифати повикот од Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Дијаз заминува од Ливерпул

Барселона е решена следното лето да го донесе на „Камп Ноу“ играчот на Ливерпул, Луис Дија…