Дома Фудбал Симеоне се огласи за Олмо и Винисиус: Подобро да молчам…

Симеоне се огласи за Олмо и Винисиус: Подобро да молчам…

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид смета дека во шпанското првенство се дава придобивка на ривалите за титулата Барселона и Реал Мадрид, затоа што играчите на каталонскиот тим, Дани Олмо и Пау Виктор повторно се регистрирани за играње, а напаѓачот на мадридскиот клуб, Винисиус Жуниор е казнет со само две натпревари неиграње за инцидентот со Столе Димитриевски..

“Подобро е да молчам”, одговори тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, на прес-конференцијата.На табелата во овој момент Реал Мадрид е водечки со 43 бодови, Атлетико со еден натпревар помалку има 41 бод, а Барселона има соберено 38 бодови.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Организаторот на Лига на 1 јануари ги поништи регистрациите на офанзивните играчи на Барселона, Олмо и Виктор, тврдејќи дека трошоците на клубот за плати на играчите значително ги надминуваат тековните приходи, со што се крши финансискиот фер-плеј, но државното тело Вишиот совет за спорт им ги врати регистрациите привремено до завршувањето на спорот.

Атлетико Мадрид ден подоцна објави соопштение во кое “изрази длабока загриженост поради настанатата ситуација во шпанскиот фудбал”. “Оваа владина интервенција создава многу опасен преседан бидејќи отвора врати заобиколувањ плодни правила”, соопшти Атлетико.

Атлетико Мадрид е единствениот тим покрај Реал Мадрид и Барселона кој бил шампион на Шпанија во последните 20 години. Титулата ја освои во 2014 и 2021 година. Олмо, освојувач на летното Европско првенство со Шпанија, за Барселона има постигнато 6 голови во 15 натпревари и е важен играч на каталонскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Барселона одбил да игра против Реал Мадрод во финалето од Суперкупот

Барселона утре игра против Реал Мадрид во финалниот натпревар на шпанскиот Суперкуп, а Хан…