Дома Фудбал Силва наговести разделба со Сити?

Силва наговести разделба со Сити?

Бернардо Силва е во последната година од договорот и како што стојат работите, ова веројатно ќе биде неговата последна сезона на “Етихад”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од порано се шпекулира дека Силва, како и Де Брујне минатата сезона, е близу крајот на своето неверојатно патување во Манчестер.

Пристигна уште летото 2017 за 50 милиони евра и го оправда секој цент. Освои сите можни трофеи, меѓу кои дури шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Одигра извонредни 414 натпревари, со 72 гола и 74 асистенции, но изгледа дека наскоро ќе дојде до разделба.

“Знам точно што ќе направам, но сега не е време да зборувам за тоа. Сега е важно да се фокусирам на Манчестер Сити, да се трудам и да давам сè од себе за да помогнам на клубот да се врати таму каде што припаѓа”, рече Силва.

Се шпекулира дека Силва има огромни понуди од Саудиска Арабија, но не треба да се заборави дека тој штотуку наполни 31 година и не мора да брза од Европа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Гана бесен: Дали ВАР собата беше на кафе? Не добивме чист пенал! (Видео)

Гана одигра извонреден тактички натпревар против Англија и избори реми 0:0 против еден од …