Дома Останати Кошарка Што се случува со Јокиќ? Сопственикот на Денвер: Не знаеме дали ќе го продолжи договорот

Што се случува со Јокиќ? Сопственикот на Денвер: Не знаеме дали ќе го продолжи договорот

ДЕНВЕР НАГЕТС има можност летово да му понуди на Никола Јокиќ тригодишно продолжување на договорот со вредност над 200 милиони долари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Извршниот директор и претседател на клубот, Џош Кренке, кој е и значаен човек во Kroenke Sports & Entertainment, компанијата што ги поседува Нагетс, истакна дека тоа е планот. Но, на прашањето дали верува дека Јокиќ ќе ја прифати таа понуда, не можеше да даде јасен одговор.

“Дефинитивно ќе му ја понудиме. Не сум сигурен дали ќе ја прифати или не, бидејќи ќе му објасниме и сите финансиски околности поврзани со потпишувањето сега наспроти подоцна. Ќе бидеме сосема транспарентни. Така секогаш работиме. Потоа, тој ќе ја донесе најдобрата одлука за себе и своето семејство. И ние ќе му пружиме поддршка во тоа”, изјави Кренке.

Јокиќ има петгодишен договор кој трае до крајот на сезоната 2027/28. Со него му се гарантираат 276 милиони долари, а во последната сезона ќе има право да одлучи дали сака да остане во Нагетс со плата од 63,3 милиони долари. Доколку биде разменет пред да истече договорот, ќе има право на одреден процент што се пресметува според времетраењето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легенда жестоко удри по Дончиќ: Те плаќаат 50 милиони долари, издржи и играј!

Ситуацијата кај Лос Анџелес Лејкерси е на раб на паника откако во првата средба од полуфин…