Дома Фудбал Што прави Мауро Икарди додека Аргентина се спрема за СП?

Што прави Мауро Икарди додека Аргентина се спрема за СП?

Мауро Икарди не се најде на конечниот список на репрезентацијата на Аргентина за Светското првенство иако имаше фантастична сезона во Интер.

Хорхе Сампаоли одлучи дека Икарди не му е потребен на Мундијалот во Русија иако сезоната ја заврши како најдобар стрелец во Серија А. Икарди беше на поширокиот список, но на крајот не доби свое место во авионот за Русија.

Така Икарди доби неколку недели одмор и порача дека нема да го следи СП. Напаѓачот на Интер со својата сопруга веќе заминал на сафари од каде објави неколку фотографии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…