Дома Фудбал Што правел Артета за време на натпреварот во кој Арсенал стана шампион? – Скара во дворот!

Што правел Артета за време на натпреварот во кој Арсенал стана шампион? – Скара во дворот!

Микел Артета, тренерот на Арсенал, изрази задоволство од начинот на кој клубот ја освои титулата во Премиер лигата, и откри дека пред тоа се прашувал дали е доволно добар за таков успех. Признава дека бил ранлив, но го постигна успехот со лондонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во вторник навечер, Арсенал ја освои првата шампионска титула по 22 години, откако Манчестер Сити одигра нерешено 1:1 против Борнмут, што му ја згасна шансата за тронот.

“Дали сме шампиони? Да, ама најмногу сум горд на тоа како стигнавме до тука. Не само во спортот, туку и во животот, се покажавме со важни вредности: истрајност, отпорност, присебност во моменти на сомнеж. Се прашував дали сум доволно добар за да ги водам овие играчи до победа. Додека не го постигнеш тоа, не можеш да докажеш на себе дека можеш”, изјави Артета на конференција за медиумите, пренесе Скај.

Арсенал беше водечки на табелата поголемиот дел од сезоната, но во април загуби значајна предност, што Сити го искористи. Сепак, со неколку клучни победи во завршниот дел, Арсенал повторно си го зазема врвот.

“Од оваа ситуација научивме важна лекција: да останеме скромни, љубопитни, и да не губиме од вид целта која сакаме да ја достигнеме. Ако вложите сè од себе, шансите се големи. Три години по ред си дававме добра шанса. Оваа сезона успеавме. И сега сакаме уште повеќе”, додаде Артета.

Арсенал на 30 мај во Будимпешта ќе игра против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите.

“Во Будимпешта не очекува најголемиот натпревар. Ова е заслужена награда за нас, чекор по чекор напредувавме. Понекогаш не успевавме затоа што другите беа подобри… Но, не смееме да се предадеме, мора да кажеме: ‘Ќе станам подобар’. Тоа ќе биде темата сезонава. Ако досега не сме направиле сè што е потребно, постојат работи на кои треба да работиме. Бевме многу креативни во процесот да го постигнеме тоа”, рече Артета.

Тој изјави дека не ја гледал утакмицата на Сити и Борнмут затоа што во тоа време правел скара.

Артета не бил со играчите кои заедно со стручниот штаб го следеле натпреварот во тренинг центарот. Се приклучил рано средата наутро, но нема жалење што не останал со тимот пред тој значаен меч: „Тоа беше едно од најубавите чувства“, рече Артета за нерешениот исход на Сити и Борнмут.

“Требаше да бидам со играчите затоа што тие тоа го сакаа. Но, не можев, 20 минути пред почеток, морав да заминам. Не можев да им ја пренесам потребната енергија. Тоа беше нивен момент, да го гледаат заедно и да го чекаат резултатот. Заминав дома, излегов во градината, запалив оган и почнав да правам скара. Ништо не гледав. Само ги слушав звуците од дневната соба кога се случи магијата”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез Атлетико може да го напушти само поради еден клуб, откри и поради кој!

Иднината на Хулијан Алварез повторно е во фокусот на шпанските спортски медиуми, поради но…