Дома Фудбал Што ако Гасперини замине? Аталанта веќе има двајца кандидати за негов наследник, еден е фаворит

Што ако Гасперини замине? Аталанта веќе има двајца кандидати за негов наследник, еден е фаворит

Италијанскиот тренер Џанпјеро Гасперини седна на клупата на Аталанта во 2016 година и од овој “мал провинциски” клуб создаде сила.

Аталанта под негово водство напредуваше од година в година, остави забележителен траг во Лигата на шампионите, се етаблираше во врвот на Серија А, афирмираше бројни играчи, направи одлични потези на трансфер пазарот, а кулминација на сето тоа се случи минатата сезона, кога тимот од Бергамо ја освои Лигата на Европа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Аталанта и оваа сезона продолжи по својот стандард и обезбеди место во Лигата на шампионите.

Дали Гасперини се заситил од работата во Аталанта или се работи за нешто друго (се шпекулира дека Клаудио Раниери го сака за свој наследник во Рома), уште од зимата во Италија почнаа муабети дека тој би можел да го напушти тимот на крајот на сезоната.

Ништо не е сигурно, не е исклучено популарниот Гасп да се предомисли и остане во Бергамо, но клубот покажа сериозност и според наводите од Италија, подготвен е веднаш да реагира во случај да дојде до разделба.

Тијаго Мота и Рафаеле Паладино ќе бидат мети, ако Гасперини замине.

Мота пред повеќе од два месеци доби отказ во Јувентус и многу е пореална опција од Паладино, кој пред неколку дена го продолжи договорот со Фиорентина до 2027 година и тешко дека “виолетовите” ќе се откажат од него.

Фото: Atalanta FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aматери од Андора приредија сензација во Бања Лука какв што ретко се гледа!

Санта Колома од Андора направи сензација на почетокот на квалификациите за европските купо…