Дома Фудбал Шпанците убедени: Реал Мадрид донел конечна одлука за Модриќ!

Шпанците убедени: Реал Мадрид донел конечна одлука за Модриќ!

Лука Модриќ сè уште не знае каде ќе игра следната сезона. На легендарниот Хрват му истекува договорот на 30 јуни, а Онда Серо тврди дека договорот на 39-годишникот нема да биде продолжен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако во септември ќе го прослави својот 40. роденден, Лука Модриќ нема намера да ги закачи копачките и ќе го гледаме на теренот барем уште една сезона.

Легендарниот хрватски ветеран многу сака да остане во Реал Мадрид. Тоа е желба и на тренерот Карло Анчелоти, но засега иднината на иконата на клубот сè уште е неизвесна.

Реал Мадрид сè уште не нуди продолжување на соработката на кој Лука чека. Како што стојат работите во моментов, нема ни да го дочека.

Онда Серо наведува дека 13-годишната соработка на Модриќ и Реал би можела да заврши за време на летото. Одлуката сè уште не е официјална, но такви се најавите

“Модриќ сака да остане во Реал, но убедени сме дека овие се неговите последни месеци во клубот. Веќе го гледаат како пречка за развојот на играчи како што е Арда Гулер”, наведува Онда Керо.

Ако Реал навистина донесе одлука да не го продолжи договорот со Лука, тој ќе стане слободен играч на 1 јули, а последниот меч треба да го одигра на 25 мај на Бернабеу кога во 38. коло на Ла Лига Кралевите го пречекуваат Реал Сосиедад.

Но, можно е и Реал повторно да игра финале на Лигата на шампионите кое е закажано за 31 мај на Алијанц арената во Минхен.

Исто така, средината на јуни е и клупското првенство на светот. Реал игра натпревари против Ал-Хилал, Пачука и Салцбург во групната фаза, а таа завршува на 27 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…