
Кошаркарската репрезентација на Словенија е повторно соочена со проблеми пред Евробаскетот. По надминувањето на потешкотиите со недоаѓањето на Влатко Чанцар на подготовките, се појавија нови, кои сега вклучуваат и Зоран Драгиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Искуствениот 36-годишен Драгиќ претходно најави дека по Евробаскетот ќе ја заврши својата репрезентативна кариера, но тој нема да настапи на натпреварувањето.
Селекторот на Словенија, Александер Секулиќ, објави нов список од 14 играчи на кои смета за Евробаскетот, а на него го нема името на Драгиќ.
“По неделниот натпревар, се соочивме со најтешкиот предизвик – намалувањето на бројот на играчи. Овој пат беше уште потешко, бидејќи се збогувавме не само со Жига Данеу, туку и со Зоран Драгиќ, кој години наназад беше важен дел од репрезентацијата и придонесе за нејзините најголеми успеси. Им благодарам на нивната посветеност и професионалност,” изјави Секулиќ.
Драгиќ се уште не се огласил, но неговата сопруга Светлана објасни дека Зоран самиот ја напуштил репрезентацијата.