Дома Фудбал Останато Шок во Мелбурн: Медведев по пет часа елиминиран од 19-годишник!

Шок во Мелбурн: Медведев по пет часа елиминиран од 19-годишник!

Лирнер Тиен направи сензација во второто коло на Австралија Опен, исфрлајќи го Даниил Медведев од првиот гренд слем во сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишникот од Соединетите Американски Држави, по речиси пет часа тенис, го совлада петтиот на светот со 3:2 во сетови (6:3; 7:6, 6:7, 1:6; 7:6).

Првите два сета сензационално му припаднаа на 121. тенисер во светот, по што се врати Русинот.

Прво Медведев спаси меч топка, а потоа успеа да го освои третиот сет во тај-брејк и по трета сет топка, дојде до 2:1 во сетови. Четвртиот Даниил рутински го реши, препуштајќи му на Тиен само еден гем.

Кога сите мислеа дека петтиот сет ќе биде формалност за Медведев, Тиен не се предаде и по тај-брејк дојде до сензација.

Следниот противник на Тиен ќе биде Корантин Муте од Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meкрегор во враќањето во УФЦ загуби по само 69 секунди (Видео)

Најзначајната борба на настанот УФЦ 329 во Лас Вегас на 11 јули меѓу Конор Мекгрегор и Мак…