
Изненадувачки вести пристигаат од Островот. Само 10 дена по триумфот во Лига Европа, Тотенхем решаи да го отпушти тренерот Постекоглу.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во својата втора година на клупата на Спарс, Постекоглу им донесе прв трофеј од 2008 година и важен успех од 1991. Сепак, ова постигнување не беше доволно за да го задржи на позицијата.
Австралискиот стратег имаше уште две години договор, но неговата позиција очигледно ја загуби поради лошите резултати во Премиер лигата.
Се чини дека сценариото било веќе разгледувано во Лондон, бидејќи се појавуваат информации дека е контактирана замена. Данскиот тренер Томас Франк, кој моментално го води Брентфорд, е во фокусот за ново име на клупата.